X
 05.06.2018 Технологија

Vip Experience - Младен Ѓоргиоски: Вип нуди одлични можности за развој во кариерата локално, но и интернационално

Младен Ѓоргиоски од 2014 година е дел од семејството на Вип. Тој работи како CRM and Order management Expert, позиција за која Вип бара нов млад кадар 


Развој на системите за администрација, односно за односите со корисниците е само една од неговите работни задачи во компанијата Вип. Бидејќи телекомуникациските услуги се развиваат со огромна динамика, вработените мора да бидат во тек со сите новитети. Тие навистина учат секој ден. Но, токму ова ја прави работата интересна и полна со предизвици, вели Младен Ѓоргиоски, кој од 2014 година е дел од семејството на Вип. Тој работи како CRM and Order management Expert, позиција за која Вип бара нов млад кадар.

Предност за секој инженер

Ѓоргиоски за Факултети.мк објаснува што всушност подразбира оваа работна позиција, но и со какви предизвици се соочува секојдневно.
- Првиот дел од називот на мојата позиција, CRM, се однесува на системите за администрација, односно системите за односи со корисниците. Задолжен сум за развој на нови функционалности, како и администрација на овие системи. Вториот дел од називот на мојата позиција, Order Management, се однесува на системите за провизионирање, тоа се системите кои ги овозможуваат услугите на корисниците. Мојата одговорност во овој дел е, на пример, кога компанијата ќе лансира некој нов тип на услуга, да се направи интеграција на CRM системите со системите за провизионирање кои ја овозможуваат новата услуга – објаснува Ѓоргиоски.
Тој потенцира дека телекомуникацискиот пазар е динамичен и многу често повлекува лансирање на нови услуги. Затоа и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат во однос на овој дел се големи.
- Но, воедно тоа претставува предност за еден инженер, затоа што тоа значи запознавање и изучување на нови технологии, што пак овозможува стекнување нови компетенции и вештини.

Дипломирал на ФЕИТ со просек 9,26

Денот го почнува со добро кафе и разговор со колегите, а потоа почнуваат работните обврски. Тоа подразбира анализа на новите барања што стигнуваат од другите оддели на компанијата.
- По направената анализа се пристапува кон дизајнирање системско решение за имплементација на барањето и на крај се пристапува кон системска имплементација на побараните функционалности. Речиси секојдневно одржуваме состаноци со останатите колеги што се вклучени на проектите со цел информирање за прогресот на проектот и договарање кои се следни активности – вели Ѓоргиоски.



Како и самата индустрија, така и секој работен ден е многу динамичен, но сѐ е поедноставно кога се работи со експерти во областа и со колеги кои со текот на времето ви стануваат како семејство. Па така решавањето и на најсложените акции станува забавно.
Тој дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, на насоката Компјутерска техника, информатика и автоматика. Бил еден од подобрите студенти од неговата генерација со просечна оценка 9,26. Наскоро треба да ја одбрани и својата магистерска теза на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство на насоката Напредно софтверско инженерство.
Уште од основно училиште знаел дека ќе се занимава со професија за која значајни се знаењата од математика и информатика. Тоа му биле омилените предмети.
- Имајќи го предвид тоа, мојата денешна професија се покажа како природен тек на работите.

Ѓоргиоски истакнува дека во Вип има одлични можности за напредок во кариерата.
- ВИП, како дел од Телеком Австрија групацијата, е интернационална компанија која нуди одлични можности за развој во кариерата како на локално така и на интернационално ниво. Многу често се сретнуваме со нови технологии, а со самото тоа, се стекнуваме со нови вештини и компетенции. Исто така, голема предност е што постојат интернационални проекти на кои работиме заеднички со нашите колеги од операторите од другите држави што се дел од Телеком Австрија групацијата – објаснува тој.
Младите што сакаат да се занимаваат со информатичките технологии ги советува секогаш да бидат љубопитни.

- Мора и да имаат желба за учење нови работи затоа што ИТ-индустријата се развива со многу голема динамика – завршува младиот инженер.


Вип е во потрага по кадар за оваа позиција. Пријавете се!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија