X
 06.06.2018 Технологија

Vip Experience - Наталија Трајковска: Во Вип има динамична работа, постојано учење и професионален напредок

Трајковска е Business Support Systems Operations Specialist. Оваа позиција подразбира оперативно одржување на системите и сервисите за поддршка на нивниот бизнис со цел тие да работат беспрекорно

- Да се биде дел од семејството на Вип е навистина големо задоволство – вели Наталија Трајковска, која работи на позицијата Business Support Systems Operations Specialist, за која Вип бара нови кадри.
Таа пред две години, веднаш откако излезе од факултетските клупи, без никакво работно искуство во оваа област, решила да си ја проба среќата, па се пријавила на огласот на Вип за практикант. Вели дека токму можноста за напредок во оваа компанија ѝ овозможила и брзо вработување.

Со добри колеги, најголемите кризи лесно се решаваат

Трајковска е Business Support Systems Operations Specialist. Оваа позиција подразбира оперативно одржување на системите и сервисите за поддршка на нивниот бизнис со цел тие да работат беспрекорно.
- Ние проактивно правиме подобрување на системите за да осигуриме нивна висока достапност и воведуваме аларми преку кои ја мониторираме нивната работа. Исто така, секојдневно ги опслужуваме корисниците што се соочиле со некаков технички проблем и им ја овозможуваме услугата која треба да ја имаат во најкраток можен рок. Доколку излезе некаков посериозен проблем, преовладува тимскиот дух за брзо наоѓање и средување на проблемот. Воедно, тука се и соработката и комуникацијата со другите тимови што секогаш се пријателски настроени и заедно успеваме да најдеме трајно решение на проблемите – објаснува Трајковска.



Вели дека денот секогаш ѝ почнува со кафе со колегите, со кои има одлична соработка и благодарение на тоа и најголемите кризи ги решаваат брзо и лесно.
- Рано наутро задолжително прво правиме проверка на перформансите на системите и алармите. Потоа следува проверка на корисничките тикети. Од нив откриваме дали има некој генерален проблем, кој го анализираме детално и го коригираме за ниеден друг наш корисник да не се соочи со истиот проблем. Во меѓувреме во нашата канцеларија секогаш се добредојдени идеи за тоа што денес да јадеме, а и по некоја шега никогаш не пречи за да го зголеми расположението на тимот. Благодарение на опуштената атмосфера, работниот ден брзо ни поминува – вели таа.

Бидете упорни, совладувајте ги предизвиците

Трајковска објаснува дека самата динамика на овој сектор и можноста да се усоврши во него биле клучни за да се определи за оваа професија.
- Денес живееме во свет во кој технологијата има водечка улога. Промените во ИТ-индустријата се случуваат со поголем интензитет од вообичаениот за другите индустрии.
Таа дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на отсекот Телекомуникации и информациско инженерство, каде што се стекнала со знаења кои ѝ помогнале да се вклучи во големата Вип-заедница.

- Вип е водечка фирма во оваа област со голем број корисници, навистина е предизвик и задоволство да им се излегува во пресрет на сите потреби на корисниците. Ова овозможува динамична работа, многу учење и професионален развој на кариерата. Како дел од А1-групацијата, Вип ни овозможува работење на голем број проекти, но никогаш не ја испуштаме и “Saba” онлајн-платформата за учење, како и сите надворешни курсеви што ни ги овозможува компанијата за да го зголемиме нашето знаење и за професионалниот напредок – вели Трајковска.
Таа има и совет за сите млади од Македонија што сакаат да се занимаваат со ИТ:
- Да бидат упорни и да ја користат секоја шанса со која ќе го зголемат своето знаење. Младите кои својата професионална иднина ја гледаат во ИТ-индустријата треба да аплицираат на огласите и да ги совладаат предизвиците што им ги нуди работната позиција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија