X
 10.03.2022 Здравје

Мравките може да го помирисаат ракот кај луѓето

Веројатно досега сте слушнале дека кучињата може да бидат тренирани за да мирисаат рак кај луѓето. Сега тие имаат конкуренција, и тоа од мравките.

Група научници откриле дека мравките може да го користат своето сетило за мирис за да ги препознаат канцерогените клетки. Научниците работеле со вид мравки кои се нарекуваат свиленкасти мравки, и ги тренирале со систем на наградување.

- По неколку минути тренирање, овие инсекти можеа да ги разликуваат здравите човечки клетки од канцерогените човечки клетки - изјавиле од страна на францускиот Национален центар за научно истражување.

Истражувачите додаваат дека нивните заклучоци покажуваат дека мравките би можеле да се користат за детектирање рак кај луѓето бидејќи се полесни и побрзи за тренирање од другите животни. Ефикасноста на мравките треба да се оцени и во клинички испитувања на луѓе, но истражувањето покажува дека овие инсекти имаат потенцијал и се способни за брзо и ефикасно учење.

Истражувачите гледаат потенцијал и во детектирањето на други мириси, како наркотици, експлозиви или други болести со помош на мравките.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје