X
 30.08.2023 Здравје

Нов третман ги претвора агресивните клетки на тумор во здрави мускули

Лекувањето на агресивните видови рак кај децата е предизвик. Но, нов третман може целосно да го промени тоа.

Група научници успеаја да ги трансформираат клетките на рабдомиосарком во нормални, здрави мускулни клетки, што може да има потенцијални импликации не само за оваа брутална болест, туку и за другите видови рак кај луѓето.

Според молекуларниот биолог Кристофер Вакоч од американската лабораторија „Колд спринг харбор“ на Лонг Ајленд, клетките на туморот буквално се претвораат во мускули, а туморот ги губи сите атрибути на ракот и не може да се врати во претходната состојба. Терапијата вклучува принудување на помалку зрели клетки да продолжат да се развиваат во специфични типови на здрави зрели клетки, додека канцерогените клетки остануваат неразвиени.

Ракот се манифестира различно врз основа на потеклото на мутираните клетки во телото. Рабдомиосаркомот, кој е почест кај децата и адолесцентите, обично се јавува во скелетните мускули бидејќи мутираните клетки се размножуваат и преземаат контрола над телото. Овој тип рак е многу агресивен и често фатален, а стапките на преживување за групата со среден ризик се движат од 50 до 70 отсто.

Во претходните обиди Вакоч и неговиот тим успешно ја променија мутацијата на клетките на ракот пронајдени во Јуинговиот сарком, уште еден распространет детски карцином кој првенствено ги погодува коските. Новата техника би можела да биде ефикасна и на други видови рак, за што треба да се направат дополнителни испитувања.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје