Боенките за возрасни веќе одреден период се популарни, а можат да се купат секаде. Тие опуштаат и се добри за психата.
Истражување од 2017 година, спроведено во Нов Зеланд, покажало дека цртањето во линии ги намалува стресот, депресијата и анксиозноста. Дневно се потребни само десет минути боење за да се намали стресот, а со оваа активност исто така се подобрува и креативноста на лицето.
- Мислам дека боенките се навистина добри кога сакате да се опуштите и да не размислувате за ништо. Само треба да се фокусирате на она што се наоѓа пред вас и на боењето во линиите. Дефинитивно е медитативно. Дури и ако подоцна само ги разлисувам страниците, тоа е добар потсетник дека сè е минливо - истакнува Оливија, која пати од анксиозност.
Таа додава дека подоцна гледа во боенката и точно знае во која состојба била во одреден момент според начинот на боење.
За Оливија и за луѓето како неа, боењето не е само популарен тренд или детска занимација. Оваа активност значително влијае врз нивната ментална состојба и им помага во
смирувањето.