X
 06.08.2022 Здравје

Дали веганската исхрана навистина е поздрава? Еве што велат експертите

Сè повеќе истражувања покажуваат дека постојат здравствени и еколошки предности на веганската исхрана. Но, дали тоа е навистина вистинскиот избор за секого? Според едно истражување, годишно може да се одбегнат 8,1 милион смртни случаи низ светот ако повеќе луѓе се хранат со веганска исхрана.

-Еден од непосредните резултати на преминувањето на оваа исхрана е губењето телесна тежина, а тоа е причина што многу луѓе стануваат вегани - вели Рид Мангелс, диететичар и професор на универзитетот „Масачусетс Амерст“.

Со веганската исхрана освен што се ослободувате од месото, ги отфрлате и млечните производи со многу масти.

Меѓутоа, треба да се внимава бидејќи брзото слабеење потоа може да доведе до брзо качување на тежината, посебно доколку се јаде нездрава храна.

Веганите имаат помал ризик од сериозни заболувања

Според истражување од 2015 година, веганската исхрана е подобра од вегетаријанската исхрана во заштитата од хипертензија, дијабетес од тип 2 и кардиоваскуларни болести. Веганите поретко имаат зголемена телесна тежина, имаат понизок крвен притисок и понизок холестерол, а оваа исхрана може да го намали и ризикот од одредени видови рак.


Фото: Pixabay

За жал, оваа исхрана има некои нутрициски недостатоци бидејќи калциумот, омега-3 масните киселини, витаминот Б-12 и фолатот се присутни во месото и млечните производи.

Веганството е еколошка опција

Во процесот на производство на еден килограм говедско месо се трошат околу 1.600 литри вода. Тоа е за околу 100 пати повеќе од водата потребна за производство на растителни протеински зрна.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје