X
 18.08.2024 Живот

За маките на лицата со попреченост, најдобриот дипломец на ФДУ, студиите на ФВМ, по скалилата на успехот со Борче Стаменов... Што пишувавме неделава?

Како ќе се јави едно глуво лице на брза помош, прашува Марија Башеска-Стојановска

Ретко кој помислува со какви проблеми се соочуваат лицата со попреченост. Особено кога станува збор за институционални проблеми за глувите, слепите лица, немите, лицата со телесна попреченост, кои функционираат сами во животот. Кои треба сами да појдат на лекар, да завршат некоја административна работа, сами да се информираат за процедурата, третманот или едноставно да дојдат на ред на шалтер. Многу часови губат затоа што се во неможност да го слушнат своето бројче за ред, затоа што не можат да се разберат на шалтер, затоа што нема слух, ниту разбирање од надлежните за тоа со какви проблеми се соочуваат овие лица.

Ања Митиќ е најдобар дипломец на ФДУ, а претходно дипломирала на Факултетот за музичка уметност: „Успехот на испит не е во оценката, туку во правењето добра претстава“

Ања Митиќ е дел од најдобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година на УКИМ со просек 9,77. Признанието е пријатно и позитивно изненадување за неа, еден вид награда за трудот што го има вложено во текот на студирањето. Таа заврши на Факултетот за драмски уметности и вели дека отсекогаш имала желба да студира на некој од уметничките факултети.

Докторот по ветеринарна медицина се грижи за животните, но игра улога и во јавното здравство - Како се одвиваат студиите на ФВМ во Скопје?

Тимот на Факултети.мк во пресрет на додипломските уписи на факултетите споделува информативни текстови чија цел е да им помогнат на студентите при изборот на нивната идна професија.
Ксенија Илиевска, продекан за настава на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, накратко ни објасни за додипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје.

По скалилата на успехот со Борче Стаменов: „Сакав да докажам дека се доволни една идеја и еден човек за да се поместат работите“

Борче Стаменов пишува една од најхуманите приказни на денешницата. Од неговата желба да помогне секој да има компјутер се создаде иницијативата „Донирај компјутер“. Неговата замисла доживеа неверојатна експанзија и сѐ повеќе луѓе и фирми му ги донираат своите дотраени компјутери, па така сѐ повеќе деца, млади и загрозени семејства добиваат компјутер. Досега има донирано 3.000 компјутери, а неговите цели се поставени многу повисоко.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот