X
 06.12.2022 Живот

Наместо огномет, град во Хрватска ќе има ласерско шоу: „Бучавата од огнометот им пречи на животните“

За да им се понуди нешто ново на граѓаните, во градот Чазма доаѓањето на Новата година наместо со огномет, ќе се одбележи со ласерско шоу на градскиот плоштад, каде што се подготвува пречек на отворено.

Животните ќе бидат благодарни

- Огнометот повеќе не е необичен и впечатлив како претходните години. Со текот на времето огнометите станаа подостапни и почести. Огнометот е карактеристичен за новогодишната ноќ и само прашање е чиј ќе биде поголем. Но, ние одлучивме да го следиме примерот на повеќето европски градови и да пробаме нешто ново. Од друга страна, таа силна бучава навистина им пречи на животните и ние сме свесни за тоа. Повеќето луѓе што имаат домашни миленици знаат за што зборувам. Различни здруженија за заштита на животната средина предупредуваат дека сите ние, особено јавните тела, треба да бараме поеколошки алтернативи. Затоа, оваа година решивме да го следиме примерот на повеќето европски градови и да пробаме нешто ново за нас, а тоа е ласерско шоу. Верувам дека оваа одлука за модернизација на новогодишната ноќ ќе наиде на одобрување од нашите граѓани - изјави градоначалникот Динко Пирак.

Три ласерски шоуа


Од градот Чазма додаваат дека компанијата ангажирана за ласерското шоу за новогодишната ноќ во Чазма учествувала на фестивалот „Загрепска светлина“, па сметаат дека квалитетот на изведбата е на високо ниво.

- Друг плус во оваа приказна е тоа што наместо еднаш, како што би било со огнометот, ласерското шоу ќе се прикажува трипати, и тоа на полноќ, триесет минути по полноќ и еден час по полноќ, а шоуто ќе биде придружено со музика - велат претставници од градот Чазма.

Извор: Mojportal.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот