X
 22.04.2019 Живот

Градоначалникот на Болоња смета дека шпагетите болоњезе не се италијански

Градоначалникот на северноиталијанскиот град Болоња смета дека едно од најпознатите италијански традиционални јадења – шпагетите болоњезе не се италијански.

- Болоњезето не постојат, иако тие се познати насекаде низ светот - рече Вирџинио Мерон, инаку член на Демократската партија на Италија, во интервју за РАИ.

Градоначалникот дури побарал од Италијанците да му помогнат и да најдат ново име, но и нов рецепт за ова јадење. Тој тврди дека овие шпагети треба да се подготвуваат на сосема друг начин, без оглед на тоа дека ова јадење важи за уникатен специјалитет во Италија, а за туристите е прашање на чест да го пробаат.

Тој се гордее со лазањите, тортелините и други карактеристични италијански тестенини, но не и со прочуените шпагети.

- Драги сограѓани, собирам слики нодшпагетите болоњезе од целиот свет. Чудно е тоа дека сме прочуени во целиот свет со ова јадење, а тоа не е наше. Среќни сме што поради него илјадници туристи доаѓаат во нашиот град, но има толку многу други работи со кои тој може да се пофали - напиша на „Твитер“ градоначалникот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот