Денес може да се најдат повеќе видови млеко - кравјото на кое сме навикнати и разни видови напивки од растенија што личат на млеко. Кое е најдобро за луѓето?
Видеото од „Тед-ед“ кое е поставено подолу ги разгледува најпопуларните видови млека што се достапни денес: кравјото, бадемовото, соиното и овесното млеко. Кога станува збор за содржината, бадемовото и овесното имаат помалку протеини од кравјото, а бадемовото има најмалку хранливи состојки од сите четири вида.
Меѓутоа, овесното млеко има најмногу бета-глокани, вид влакна, и многу
јаглехидрати во споредба со другите растителни видови. Соиното млеко има протеини како и кравјото млеко и е одличен извор на калиум.
Може да се одбере дефинитивен победник помеѓу видовите во зависност од лицето. Доколку сте нетолерантни на лактоза, растителните видови се добар избор. Меѓутоа, за луѓето што немаат разновидна исхрана богата со хранливи состојки, кравјото млеко е дефинитивниот победник.
Кој вид млеко е најдобар за животната средина?
Најмногу вода се користи за производство на кравјото млеко - околу 120 литри за една чаша млеко. Бадемовото, со 70 литри вода за една чаша, е на второто место. Кога станува збор за испуштањето штетни гасови во околината, при производството на растителните видови млеко се испуштаат 1-2 килограми штетни гасови за една чаша млеко. Кај кравјото млеко се испушта над половина килограм штетни гасови за една чаша млеко.