Мистеријата околу тоа како птиците се ориентираат конечно е решена. Главниот виновник за тоа не е железото во нивните клунови, кое им овозможува магнетен компас, туку новооткриен протеин во нивните очи кој овозможува тие да „ги гледаат“ магнетните полиња на
Земјата.
Овие откритија доаѓаат како резултат на две нови студии - едната ги проучува црвеношијките, а другата малите австралиски птици.
Очниот протеин е наречен Cry4 и е дел од класа протеини наречени криптохроми - фоторецептори чувствителни на сина светлина. Овие протеини играат значајна улога во регулирањето на циркадискиот ритам.
Исто така, во последниве години има и докази дека кај птиците криптиохромите во нивните очи се одговорни за нивната способност да се ориентираат преку детектирање на магнетните полиња. Ова чувство се нарекува магнеторецепција.
Знаеме дека птиците можат да ги насетат магнетните полиња ако некои бранови должини на светлина се достапни. Поточно, студиите покажале дека птичјата магнеторецепција е зависна од сина светлина. Ова е потврда дека механизмот е видлив, базиран во криптохромите.
За да се дознае повеќе за овие криптохроми, ангажирани се два тима на биолози. Истражувачи од Универзитетот „Лунд“ во Шведска ги проучуваат малите австралиски птици, а истражувачи од Универзитетот од Олденбург ги проучувале европските црвеношијки.
Првиот тим ја мерел генската експресија на три криптохроми: Cry1, Cry2 и Cry4 во мозокот, мускулите и во очите на малите австралиски птици. Нивната хипотеза била дека криптохромите поврзани со магнеторецепцијата треба да одржат постојана рецепција во текот на целиот циркадиски ден. На крајот утврдиле дека Cry1 и Cry2 варирале на дневна база, но Cry4 бил константен, што го први најверојатен кандидат за магнеторецепција.
Овој пронајдок бил поддржан и од студијата за црвеношијките, која дошла до истиот заклучок. Било утврдено и дека европските црвеношијки ја зголемувале експресијата на Cry4 во текот на миграцискиот период, споредено со птиците што не мигрираат.
Сепак, двата тима предупредуваат дека се потребни нови истражувања пред Cry4 да биде прогласен за протеинот кој е одговорен за магнеторецепцијата.
Па што всушност гледаат птиците?
Можеби птиците вака ги гледаат магнетните полиња
Фото: Science Alert
Никогаш нема да можеме да кажеме како изгледа светот од очите на животно од друг вид, но можеме да погодуваме.