Јапонија е прекрасна земја, исполнета со неверојатни рути и пејзажи што можете да ги разгледувате на каков било начин.
Неодамнешниот транспортен дизајн од уникатниот архипелаг доаѓа во форма на железничка станица изолирана по должината на реката Нишики во Ивакуни, без влез и излез.
Фото: Gota_Kaze_SH11
До станицата може да се стигне само со воз на железничката Нишикигава од префектурата Јамагучи. Со својот ограничен пристап, живописното место било создадено само како место каде што посетителите ќе можат да ја доживеат прекрасната природа што ги опкружува.
Со самото пристигнување на станицата патниците ќе откријат дека нема скали, рампи, ни билети, бидејќи луѓето не треба да ја напуштат платформата. Железничките системи во Јапонија се неспоредливи со оние во другите земји низ светот. Земјата е домаќин на најдобро поврзаните и ефикасни системи во светот. Тие работат толку ефикасно што „Тсукуба експрес“ јавно се извини што ја напушти станицата 20 секунди порано.
Фото: Gota_Kaze_SH11
Станицата беше отворена на 17 март оваа година, но допрва треба да биде додадена на „Гугл Мапс“. Се наоѓа на планина во префектурата Јамагучи во Јапонија. Планините сочинуваат 70 отсто од разновидната географија на Јапонија.
Иако можеби изгледа чудно тоа што постои платформа за воз без влез и излез што не е достапен цела година, Јапонија има доста чудни железнички станици. На пример, железничката станица Тсушиманомија, на островот Шикоку, е отворена само двапати годишно за да го прослави локалниот летен фестивал во светилиштето Тсушима.
Оваа нова дестинација е креативен начин да ги донесе посетителите да ја
испитаат дестинацијата и да го зголемат интересот за регионот.
Фото: Gota_Kaze_SH11