Левичарската министерка за труд на Шпанија, Јоланда Дијаз, предложи шема за справување со социјалната нееднаквост со тоа што на секој млад човек во земјата ќе му се дадат 20.000 евра кои треба да ги потроши за студирање, обука или основање бизнис откако ќе наполни 18 години.
Според платформата на Дијаз, иницијативата би чинела 10 милијарди евра, кои ќе се соберат со оданочување на богатите.
Целта на оваа платформа е да се гарантира еднаквост на можности без оглед на семејното потекло или заработката на семејството. Плаќањата, кои би започнале на 18-годишна возраст и би продолжиле до 23-годишна возраст, ќе бидат придружени со административна поддршка за да им се помогне на младите да учат, да се обучат или да основаат сопствен бизнис.
- Станува збор за тоа да им се дозволи на младите луѓе да имаат иднина и да им се даде шанса да студираат или да започнат бизнис без тоа да зависи од нивните презимиња или семејството од кое потекнуваат. Затоа, предлагаме да им даваме 20.000 евра кога ќе наполнат 18 години за да можат да се развиваат, без разлика дали станува збор за студирање или основање бизнис - вели таа.
Дијаз потврди дека политиката наречена „универзално наследство“ ќе биде достапна за сите млади Шпанци, без оглед на нивните економски околности, а ќе се финансира со оданочување на луѓето што заработуваат повеќе од 3 милиони евра годишно.
Извор:
The Guardian
Фото: Freepik