Кинеската рударска компанија „Тибет Самит рисорсес“ објави дека има намера да вложи 2,2 милијарди долари во два проекта за истражување на литиумот во Аргентина. Тоа е наведено во соопштение објавено од страна на аргентинското Министерство за надворешни работи.
Компанијата има намера да вложи околу 700 милиони долари во проектот „Salar de Diablillos“ во провинцијата Салта и се очекува следната година да се произведат 50.000 тони литиум карбонат за батерии.
Се очекува компанијата да вложи уште 1,5 милијарда долари во изградба на фабрики, исто така во Салта, кои би можеле да произведат меѓу 50.000 и 100.000 тони литиум карбонат до 2024 година.
Во областите каде што ќе се спроведуваат овие проекти, според компанијата, ќе се отворат околу 10.000 работни места.