X
 16.07.2021 Здравје

Научници го стопирале размножувањето на коронавирусот во човечки клетки со КРИСПР-технологијата

Научници од Институтот „Доерти“ и центарот за рак „Питер Мекалум“ користеле КРИСПР-технологија за да го стопираат размножувањето на САРС-Ков-2, коронавирусот кој ја предизвикува болеста ковид-19, во заразени човечки клетки, се вели во истражување објавено во „Нејчр комјуникејшнс“.

Ова откритие може да го овозможи откривањето на третмани за ковид-19 и да им помогне на луѓето полесно да се справуваат со можни идни пандемии. Во експериментите научниците ја дизајнирале алатката за да го препознава коронавирусот, како и неговите соеви. Сменетиот ензим се активира кога ќе го препознае вирусот, а потоа го разложува.


Фото: Pexels

Овој метод успешно го стопирал размножувањето на вирусот во примероци со неколку соеви, меѓу кои и алфа-сојот. Истражувачите сметаат дека техниката може да се користи за наоѓање третман за ковид-19 кој би се користел за лекување пациенти што се хоспитализирани.

Според нив, третманот би можел да се примени откако пациентите ќе се заразат, а би го спречил развивањето на тешки симптоми.

Методот брзо би можел да се пренамени и за други вируси, според истражувачите. Откритијата се засноваат на лабораториско тестирање, а наскоро ќе започне тестирање на животни.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје