X
 08.02.2022 Здравје

Во Холандија е откриен нов повирулентен сој на ХИВ

Вирусот ХИВ-1 досега предизвикал 36 милиони смртни случаи, според податоци од Светската здравствена организација (СЗО). Научниците работат на вакцини против вирусот, но како што покажува случајот со ковид-19, вирусите мутираат, а тоа влијае врз пренесувањето.

Научниците откриле нов сој на ХИВ во Холандија кој е повирулентен од претходните. Новиот сој бил наречен ВБ, а лицата што се заразени со него имаат различни симптоми во споредба со другите заразени лица со ХИВ, се вели во труд објавен од институтот „Биг Дејта“ при Универзитетот во Оксфорд.

Меѓу другото, заразените лица со новиот сој се повирулентни, а оштетувањето на имунолошкиот систем е двојно побрзо, што ги зголемува шансите на заразените лица за развивање сида.

За среќа, третманите за ХИВ функционираат еднакво добро на пациентите со новиот сој, но поради побрзото дејствување, раната дијагноза игра поголема улога.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје