X
 08.04.2024 Живот

Ватикан ги отфрли промената на полот, сурогат родителството и теоријата на родот

Канцеларијата за доктрина на верата во Ватикан денеска ја објави декларацијата „Дигнитас инфинита“ во која ги отфрла промената на полот, сурогат родителството и теоријата на родот.

Во декларацијата се наведува дека секоја интервенција за промена на полот, по правило, ризикува да го загрози единственото достоинство што едно лице го добило од моментот на зачнувањето.

За теоријата на родот, според која родот е покомплициран и понепостојан од традиционалната поделба на две категории мажи и жени, Ватикан оцени дека желбата за лично самоопределување, според теоријата на родот, покрај основната вистина дека човечкиот живот е дар, претставува потпаѓање на древното искушение да се направиме себеси Бог, влегувајќи во конкуренција со единствениот вистински Бог на љубовта што ни е откриен во Евангелието.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот