X
 23.06.2023 Наука

Видеа од НАСА покажуваат како се движат штетните гасови во атмосферата

Знаеме дека активностите кои ги прават луѓето доведуваат до испуштање на големи количини јаглерод диоксид во атмосферата, со што се доведува до затоплување на целата планета. Меѓутоа, тешко е да ги замислиме овие гасови.

Нови визуaлизации направени од студио на американската вселенска агенција НАСА го покажуваат движењето на овие гасови во атмосферата. Објавени се три видеа за различни региони кои ги покажуваат емисиите на јаглерод диоксид во 2021 година.

Во видеата, гасовите во портокалова боја ги претставуваат оние испуштени од фосилни горива, оние во црвена се испуштени од горење биомаса, тие во зелена боја ги претставуваат екосистемите на почвата, а сината боја ги претставува емисиите од океаните.




Извор: Science alert
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука