X
 08.06.2022 Живот

Италијанска компанија враќа дел од патарината доколку задоцните поради работа на патот

Италијанската компанија „Аутостраде пер л'Италија“ развила апликација со која корисниците автоматски ќе добиваат поврат на парите ако изгубат време во возењето поради работа на патот.

Според условите, корисниците треба да возат со брзина до 100 километри на час, додека за камионите прифатлива брзина е 70 километри на час.


Фото: Pixabay

Корисниците што ќе се движат побавно поради работа на патот ќе добијат поврат на парите од патарината во зависност од изгубеното време.

За доцнење од 15 минути се предвидува намалување на патарината за 25 отсто. Доколку возачот доцни еден час, ќе му биде вратена целата сума од патарината.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот