Градот Уцуномија, северно од Токио, затвори 94 основни и средни училишта откако црна мечка првпат беше видена во градското подрачје.
Животното, високо околу еден метар, беше забележано во саботата во парк, а потоа и на снимка од надзорна камера во центарот на градот, каде што протрча пред двајца млади мажи. Мечката била видена и во станбените населби, како и во индустриската зона на околу два километри од центарот.
Градските власти ги повикаа жителите да ги заклучат вратите и прозорците, да не му приоѓаат на животното и да побараат засолниште во најблиската зграда. Полицијата и локалното здружение на ловци ја продолжија потрагата.
Во Јапонија годинава се забележани рекордни 50.000 пријави од лица што виделе мечка, главно на североистокот од земјата.
Сепак, тие ретко се појавуваат блиску до Токио. Минатиот месец руски планинар беше повреден во напад на мечка во Окутама, додека друга беше видена во Хачиоџи.
Се проценува дека на главниот остров Хоншу живеат меѓу 12.000 и 42.000 азиски црни мечки, додека кафеавите мечки се наоѓаат само на Хокаидо. Експертите наведуваат дека промените во приносите на храна и депопулацијата на руралните области придонесуваат за почести средби меѓу луѓето и мечките.
Фото: magnific