X
 08.10.2024 Препорачани огласи

Оглас за платена пракса во ЕВН Македонија

ЕВН Македонија ги отвора вратите за нови практиканти! Придружете се на нашиот тим и стекнете практично искуство под водство на нашите искусни експерти и ментори. Ќе имате шанса да се запознаете со работењето на компанијата и да придонесете во остварувањето на нашите цели

Што нуди праксата во ЕВН?

-Менторство поддржано од врвни професионалци
-Надоградување на технички и професионални вештини во областа во која студирате
-Инволвираност во различни активности на одделот каде што ќе се изведува праксата

Каде ќе се одвива праксата?

Кориснички Енерго Центри: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Струга, Охрид, Велес и Кратово.

Оддели во Скопје: Човечки ресурси и организација, право и осигурување, планирање и набавка на енергија, информатички и телекомуникациски технологии, оперативен контролинг, високонапонски постројки, билинг, сметководство, комуникации, мрежен инжинеринг, инфраструктура, контакт центар, иновации одржливост и заштита на животна средина, заштита при работа, набавки и материјално работење.

Во кој период ќе се одвива праксата?

Bо текот на целата година, времетраење на практикантската работа е од 1 месец со можност за продолжување до 3 месеци, во зависност од желбите и потребите на практикантите и потребите на компанијата 
Надомест на трошоци за практикантската работа е во износ од 10.000 МКД месечно.

За кого е наменета праксата?
Праксата е наменета за сите студенти, но предност имаат студентите од техничките факултети (Електротехника, Информатичка технологија, Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет) како и студенти од останатите факултети (Правни науки, Економски науки , Филозофски факултет ) и слично.

Испратете ја вашата биографија на jobs@evn.mk со назнака „За пракса“ најдоцна до 31.10.24

Најдобрите кандидати ќе бидат контактирани за понатамошен процес на селекција.
Активен до:    31.10.2024

Издвојуваме

Препорачани огласи