X
 08.11.2019 Живот

Можност за бесплатно преноќување во куќата со најубавиот поглед во светот - но постои еден услов

Куќичка на врвот на планината, со најубав поглед што можете да го замислите, а целосно бесплатна - да, навистина постои. Само што до неа не може секој да стигне.

Куќичката е изградена на врвот на планината Форонон дел Буинз во Италија и служи како место за преноќување за сите што се доволно храбри и способни да се искачат на повеќе од 2.500 метри. Овој мал планинарски дом бил изграден во сеќавање на планинарот Лука Вуерикија, кој несреќно настрадал во лавина. Колибата била дизајнирана од архитектот Џовани Пескамоска, а градежниот материјал бил носен со хеликоптер.


Во текот на немилосрдната зима куќарката е сигурно засолниште во тивката природа со еден од најубавите погледи на светот. Благодарение на внимателниот тим од 12 волонтери, куќарката била изградена за само еден ден.


Дизајнирана е како црква со закосен покрив што го спречува снегот да го затрупа влезот. За оние што се помалку храбри и искусни, на Алпите постојат слични колиби, но во повеќето сместувањето се плаќа. Во некои од нив дури има и персонал што готви и чисти.

- Од денот на отворањето куќата стана хит-дестинација за љубителите на планината. Во текот на суровите зими, но и во лето е безбедно место со поглед што го одзема здивот - вели Џовани.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот