X
 08.11.2023 Образование

МОН: Изработени се новите наставни програми за седмо одделение, навремено ќе започне постапката за нови учебници што ќе се користат од идната година

Новите наставни програми за седмо одделение, чија примена согласно планот за реформирање на основното образование ќе започне од учебната 2024-2025 година, се веќе изработени, соопштија од Министерството за образование и наука, додавајќи дека. Бирото за развој на образованието, како институција под чија надлежност е овој процес, навремено постапило и го испочитувало рокот за исполнување на обврската договорена меѓу МОН и БРО.

-Ова подразбира и навремено започнување на постапката за изработка на нови учебници. Наставните програми се доставени до Министерството за образование и наука, така што наскоро Педагошката служба ќе објави повици за автори и за избор на рецензенти. Се очекува процесот на избор на учебници за седмо одделение, графичко уредување и испорака, целосно да заврши пред следниот септември и учениците на првиот училишен ден, пред себе да ги имаат сите учебници. Изработката на учебници е комплексен процес чие времетраење зависи од низа фактори, меѓу кои, врз одреден дел, институциите немаат влијание. Сепак, со навременото доставување на наставните програми и отпочнувањето на постапката на одобрување учебници, се намалува веројатноста за доцнење на процесот, односно се обезбедува континуитет на планираните промени - стои во соопштението од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование