X
 09.02.2024 Живот

На 95 години стана најстариот студент што магистрира, а сега планира и докторат

Деведесет и петгодишен маж стана најстариот магистриран студент и, како што вели, не застанува тука.

Пензионираниот психијатар Дејвид Марјот магистрирал на Универзитетот „Кингстон“ на полето модерната европска филозофија.

Студиите ги завршил на 72 години откако првично се квалификувал како доктор. Тој сега размислува за докторат, студии што би можеле да траат до неговата 102 година.

Како што вели, неговата диплома е резултат на напорна работа бидејќи неговото сеќавање не е она што беше. За сите оние што размислуваат за дополнително образование во подоцнежните години од животот, тој има совет:

- Слично е како коцкање, но суштината е дека ако сте заинтересирани, тогаш продолжете - вели тој и додава дека имал среќа што имал професори од светска класа, така што за него било доста позитивно искуство.

1
Фото: Kingston University

- Мислам дека е важно да продолжите со предизвиците што ќе си ги поставите, дури и кога ќе остарите - вели тој.

Професорката Стела Сендфорд, која му предавала и му била ментор, вели дека Кингстон веќе имал одлична кариера и со себе донел богато знаење и искуство за време на дискусиите на предавањата.

- Знаеме дека различноста во училницата ги прави побогати и поинтересни дискусиите и не смееме да заборавиме дека тука е вклучена и генерациската разлика - рече професорката.

Извор: BBC
Фото: Kingston University
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот