X
 13.07.2018 Култура

Археолозите се уверени дека го пронашле најстариот запис од Хомеровата „Одисеја“

Античка плоча со 13 врежани стиха од „Одисеја“ била пронајдена во Олимпија, на Пелопонез. Плочата би можела да е најстариот откриен пишан фрагмент од епот на Хомер.

Според првите процени на археолозите, плочата од печена глина датира од третиот век од новата ера, за време на римската епоха.

На неа се напишани 13 стиха од 14 книга на „Одисеја“, во која е опишано враќањето на Одисеј од островот Итака.

odiseja
Фото: Tanjug


- Ако ова датирање се потврди, плочата би можела да го носи најстариот запис на делата на Хомер пронајден во Грција - наведува грчкото министерство за култура и додава дека би можело да биде фантастично археолошко, книжевно и историско парче.

Плочата е пронајдена близу Олимпија при ископувања извршени од грчката археолошка служба во соработка со Германскиот археолошки институт околу остатоците од храмот на Зевс, место што било колевка на Олимписките игри.

Олимписките игри се одржувале во Олимпија од 776 година пред новата ера до 393 година од новата ера.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура