X
 09.04.2020 Здравје

Нови 46 лица со коронавирус, регистриран прв случај во Пробиштип

Нови 46 случаи на Ковид-19 се потврдени во изминатото деноноќие. Со тоа бројката на дијагностицирани во државата е 663 лица, соопшти Министерството за здравство.


Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тест на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која вчера попладне информира Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје