X
 09.06.2023 Технологија

Кина претстави летало што личи на летечка чинија

Компанијата „Шенџен УФО флајинг сосер текнолоџи“ го претстави својот прв готов производ по повеќегодишно истражување и развој. Станува збор за летечка чинија, односно уред сличен на хеликоптер кој наликува на НЛО од научнофантастичен филм.

Компанијата вели дека станува збор за првиот електричен НЛО од овој облик. Леталото може да полетува и да слетува вертикално и има шест ротори. Целта е ова летало да се користи за транспорт, туризам и забава, а од компанијата известиле дека иновацијата е заштитена со патент.



Со едно полнење на батериите леталото може да лета дури 15 минути. Тоа може да достигне височина од дури 200 метри, а брзина од 50 километри на час. Може да слета на цврста површина, но и на вода, а наместо човечки пилот, со него може да управува и автопилот.

Не е откриена цената на леталото, ниту дали ќе се произведува масовно.



Извор: Bug
Насловна фотографија: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија