Американската вселенска агенција НАСА почна да спроведува тест-летови на електрично летало произведено од американската компанија „Џоби авиејшн“. Леталото треба да се користи како транспортно средство помеѓу градовите.
Вселенската агенција го користи леталото за да собере податоци кои ќе ѝ помогнат во развивањето идни летала, но и да открие можни дупки во законот кога станува збор за користењето на ваквите летала во градовите во иднина.
Една од факторите што НАСА ги тестира е звукот што се произведува при користењето вакви летала и дали нивната редовна употреба во градовите ќе предизвикува премногу врева.
Според Џо Бен Бевирт, основач и главен извршен директор на „Џоби авиејшн“, еден од приоритетите во развивањето на леталото бил создавањето мала врева.
Леталото, кое би можело да се користи како такси-превоз помеѓу градовите во иднина, може да лета со брзина до 320 километри на час.
Компанијата се надева дека ќе добие сертификат за летање во 2023 г., а досега направила над 1.000 тест-летови.
Извор:
Futurism