X
 07.10.2024 Технологија

Резултатите од пребарувањето на „Гугл“ добиваат сини знакчиња за верификација

„Гугл“ тестира нова функција за верификација во резултатите од пребарувањето, што треба да им олесни на корисниците да избегнуваат кликнување на лажни веб-локации. Некои корисници веќе ја гледаат препознатливата сина ознака за проверка до страниците на компаниите како „Мета“ или „Епл“, а се очекува наскоро да ја видат сите.

- Редовно експериментираме со функции кои им помагаат на клиентите да идентификуваат доверливи бизниси на интернет, а моментално спроведуваме мал експеримент на прикажување етикети за потврда до одредени бизниси на „Гугл“ - потврди портпаролката на „Гугл“, Моли Шахин.

Кога корисникот поминува над ознаката за проверка, ќе се прикаже порака која објаснува дека „Гугл“ смета оти тоа е вистинска страница на компанијата. Според Шахин, верификацијата ќе се врши преку податоци од „Мерчан центар“ и рачни прегледи во самиот „Гугл“.

Сепак, во известувањето се наведува и дека „Гугл“ не може целосно да го гарантира кредибилитетот на компанијата или нејзините производи.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија