X
 10.04.2023 Живот

Кардиолозите од Ниш кои работеа 100 дена без надомест ја елиминираа листата на чекање за операции

По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди, кога персоналот работел без паричен надоместок, клиниката за кардиохирургија во Ниш ја постигна својата цел - успеа да ја елиминира листата на чекање.

Наместо листа за чекање, се формираат листи за закажување и пациентите веќе нема да чекаат за операција 4-6 месеци, туку 7-15 дена.

Вработените во клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница во Ниш одлучиле да работат за викенди, за што не барале никаков паричен надоместок, а единствена цел им била да ја намалат листата на чекање.

Еден од лекарите на социјалните мрежи сподели дека во тие 100 дена биле направени вкупно 248 операции, а минатата година за истото време биле направени 117 операции. Само во март биле извршени 98 операции. Бројот на хоспитализирани лица во првите три месеци од годината лани бил 145, а оваа дури 353. Бројот на амбулантни прегледи за периодот јануари-март годинава изнесувал 3.014, а минатата година 1.467.



Извор: Mondo.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот