Можеби никој не се грижи премногу за ендоканабиноидниот систем (ЕЦС) затоа што е сложена „микрокосмичка“ заедница. Заедница која потенцијално содржи нешто многу поголемо од она што науката лесно може да го објасни.
Истражувањата покажуваат дека ЕЦС метафорички претставува микрокосмичка група на организми.
Всушност, неодамнешните истражувања откриваат дека овој микрокосмос се однесува како мост меѓу природното лечење „мозок-тело“.
Истражувањата посочуваат дека ЕЦС контролира повеќе состојби на свесност. На пример, ЕЦС ги контролира циклусите на спиење и будност, емоциите, перцепцијата на болката, вниманието и други важни невро-биолошки процеси.
Па, зошто треба да се грижиме за ЕЦС? Што е тоа за што никој не зборува?
Ендоканабиноидниот систем е систем за хемиска комуникација чија цел е одржување на хомеостазата.
Хомеостазата ја одржува внатрешната средина стабилна без оглед на тоа како се менува надворешноста.
Фото: Hightimes
Канабиноидите помагаат во одржувањето на хомеостатски баланс на секое ниво од биолошкиот живот. Тука се вклучува и нашата колективна човечка врска со надворешната средина.
Ендоканабиноидни рецептори има во целото тело, вклучително и во:
-мозокот;
-органите;
-сврзното ткиво;
-жлездите;
-клетките од имунолошкиот систем.
Хроничниот стрес го ослабува и оштетува нормалното функционирање на ЕЦС. За да се стимулира природно ослободување на канабиноиди (кои вашето тело веќе ги создава), можете да учествувате во вежби мозок-тело. Лесен начин за стимулирање на ЕЦС е преку канабимиметици во форма на капки масло од канабидиол (ЦБД).
Популарни активности мозок-тело кои ослободуваат природни ендоканабиноиди:
-медитација;
-јога;
-длабоко дишење;
-масажа;
-јадење органска храна.
Дали само луѓето имаат ЕЦС?
Канабиноидните рецептори ги има и кај животните и кај луѓето. Цицачите, птиците, рибите и влекачите сите имаат ендоканабиноидни системи, кои бараат соодветно ниво на канабиноиди за да функционираат
соодветно.