Луѓето со Вилијамс синдром, познат и како Синдром на Вилијамс, имаат ретко генско нарушување поради кое се соочуваат со проблеми во учењето, формирањето нови пријателства итн. Околу 1 од 10.000 луѓе во светот го има ова нарушување.
Додека повеќето луѓе знаат за други нарушувања, на пр., аутизмот, малкумина слушнале за овој синдром. Понекогаш се опишува како спротивно на аутизмот, иако некои карактеристики им се заеднички. Луѓето со Вилијамс синдром најчесто ги сакаат и им веруваат на сите луѓе.
Фото: Pixabay
Честопати овие лица имаат импулс да прегрнуваат други луѓе, иако не ги познаваат. Затоа може да бидат особено ранливи.
Синдромот бил откриен во 60-тите години од страна на кардиологот Џон Вилијамс, кој забележал дека многу од неговите пациенти имаат проблеми со суправалвуларна аортна стеноза, што се јавува ретко, освен кај луѓето со Вилијамс синдром.
Фото: Pixabay
Вилијамс забележал и дека повеќе негови пациенти имаат слични
особини и впечатлив изглед. Тие имаат широко чело, краток нос и полни образи. Кај луѓето со ова нарушување често се присутни тешкотии при учење и интелектуален развој.
Автор: Сајмон Ворал
Извор:
nationalgeographic.com