Кратово се смета за еден од најстарите градови на Балканот. Во своите златни времиња овој град бил центар на занаетчиството во североисточниот дел на Македонија. Познатиот патописец Евлија Челебија во Кратово изброил стотици дуќани полни со занаетчии. Денес сликата е сосема поинаква.
Во продолжение можете да погледнете видео од сегашната состојба на кратовската чаршија, кое е направено во рамките на проект за мобилно новинарство и е снимено и монтирано на мобилен телефон.
Насловна фотографија: Wikipedia