Вчера и денес на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува 4. Меѓунарoдна конференција под наслов Economic and Business Trends Shaping the Future (https://ebtsf.eccf.ukim.edu.mk ).
Во рамките на оваа дводневна конференција учество ќе земат над 80 автори и ќе бидат презентирани над 30 научни труда. Воедно, Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со задоволство објавува дека во рамките на оваа конференција, вчера се реализира информативен настан во соработка со AACSB (Association to Advance Collegiate Schools of Business). Оваа сесија имаше цел да вклучи претставници од целиот регион во дискусии поврзани со напредокот во област на бизнис-едукацијата и значењето на акредитацијата на AACSB.
Во рамките на оваа сесија како главен гостин говорник свое обраќање имаше професор Рон Тунинга, извршен директор на AACSB кој се фокусира на виталниот развој и идните можности во сферата на интернационалната бизнис-едукација, споделувајќи ги притоа своите значајни согледувања по однос на ова прашање поврзани со академските институции во регионот.
Со организација на овој панел, Економскиот факултет - Скопје покажа дека е посветен на промовирање на заедничките напори и споделување знаења од областа на бизнис-едукацијата, со цел да се подигнат стандардите во оваа област во регионот.