X
 11.01.2021 Живот

Мадрид немал толку снег уште од 1963 година: Снежни топки и скијање во центарот на градот

Шпанија е во хаос. Снежната бура „Филомена“ ја покри земјата.

Шпанската државна метеоролошка агенција објави дека ова е најголемиот снег во Шпанија од 1971 година, а во Мадрид паднаа 25 до 50 сантиметри снег, што е најмногу од 1963 година.

Граѓаните скијаат низ Гран Виа, една од најфреквентните улици, а некои го времето за игри со снежни топки. Жителите ги чека тешка зима, а температурите ќе паднат до -14 степени.

Властите мораа да ја мобилизираат војската за да ги спасат луѓето заробени во автомобилите. Како резултат на снежната бура, починаа четири лица.

Пред неколку дена беше измерена најниската температура на Пиринејскиот Полуостров, -34 степени, забележана во регионот Арагонија.

Се очекува наредната недела температурите во Мадрид да паднат на -14 степени. Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот