Кампот „Бондстил“ е главна база на американската војска во Косово и е под команда на КФОР. Базата е лоцирана во селото Сојево, општина Урошевац.
Оваа база е изградена во Косово по бомбардирањето на Србија и е именувана по американскиот воен ветеран Џејмс Л. Бондстил.
Ова се неколку факти за кампот што можеби не ги знаете.
1. „Бондстил“ зафаќа површина од 3,8 квадратни километри и е составен главно од дрвени колиби.
2. Повеќе од 25 километри пат ги поврзуваат 300-те објекти во кампот.
3. Базата има капацитет од 7.000 војници и засега вработува стотици жители од околината. Американскиот камп ја има најдобрата болница во Косово, а внатре има и мала црква, полициска станица и едукативен центар.
4. Бројот на тенкови и воени хеликоптери не е познат, но се верува дека има околу 20 ракети и дузина тенкови од типот „М1А2 Абрамс“.
5. Во „Бондстил“ се вработени многу Косовци и работат разни работи во кампот. Тие земаат плата меѓу 400 и 800 евра, која според локалните стандарди е значителна сума. Во минатото во кампот работеа околу 2.500 локални жители, но сега тој број е намален.
6. Ротацијата на персоналот се случува на секои три до шест месеци, во зависност од безбедносната ситуација.
Иако ова не е официјално потврдено,
косовските медиуми пишуваат дека војниците што служат во „Бондстил“ земаат околу 3.000 долари, плус компензација од 40 отсто за „ризикот од војна во Косово“.