X
 11.05.2019 Образование

Кон одбележувањето на Денот на Европа УКЛО беше домаќин на собирот на универзитетите во државата

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 9 мај на Педагошкиот факултет во својство на домаќин ги пречека студентите од Република  Северна Македонија, учесници на Студентскиот собир, манифестација по повод  Денот на европското обединување.

Од името на УКЛО, присутните ги поздрави ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, кој укажа дека основните вредности што се иманентни за Европската Унија, се и вредности коишто се суштински и за универзитетот.  Академската слобода, слободата на говорот, правичноста и инклузивноста што се во темелите на ЕУ и на државата, се содржина и на Универзитетот, а академијата е во темелите на секоја држава, таа е еден од столбовите на развојот и преставува расадник на мислечки и активни млади луѓе.

1

„Со големо задоволство ви посакувам срдечно добредојде на нашиот универзитет. Традиција е  веќе да сме домаќини на овој настан, го организираме по третпат, овојпат со посебна чест затоа што коинцидира со годината кога Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола одбележува 40 години од своето постоење.Како што впрочем е традиција, благородната иницијатива на Европското движење, повеќе од една деценија, како активни субјекти на големото академско семејство во нашата земја,  да ја преточуваме во една значајна манифестација.  Со неа  ја славиме Европа,на овој историски 9 мај, го славиме постигнатото  заедништво, мирот и европските вредности.И, за да честа и задоволството што сме домаќини биде уште поголема-сето ова се случува  во годината  кога се одбележуваат седум децении од основањето на Советот на Европа.

2

Драги студенти, учесници од седум високообразовни установи, денеска ќе се чуе вашиот глас, ќе се разберат вашите аспирации, желби, амбиции, вашите ставови и сфаќања, вашите младешки битки.   Не постои подобар избор на место каде ќе слушнеме, разбереме кои сте, какви сакате да бидете, во какво опкружување да живеете,по кој пат да тргнете вие, вашите блиски и пријатели, колеги и соработници, институциите, организациите, вашите места на живеење, творење и работење, вашата држава.

Двајцата потпретседатели на Европското движење, доц. д-р Македонка Радуловиќ и проф. д-р Михамед Халили ги нагласија придобивките за младите и општеството поврзани со одржувањето на овој традиционален Собир на студентите. Потпретседателот на Европското движење Мухамедед Халили вели дека младите се заинтересирани за развојот и функционирањето на Европската Унија и за нашите можности и перспективи на патот до ЕУ. Тој смета исто така дека овие настани се можност за зближувања и по етничка основа, затоа што ние малку се познаваме, живееме во една иста земја, иста држава, а премалку се знаеме меѓу нас и од тоа после доаѓаат предрасуди, истакна д- р.Мухамед Халили, потпретседател на Европското движење.

3

До европско, демократско и инклузивно општество може да се  стигне само со вклучување на младите луѓе, нагласува и потпретседателката на Европското движење, д-р  Македонка Радуловиќ која што оценува дека целта на настанот е да  се детектирааат проблемите кои ги засегаат младите, да  се види колку се тие вклучени во демократските и општествените процеси, што недостасува за да се вклучат, со цел да добиеме како држава, една активна, жива демократија во нашето општетство. 

3

Инаку, манифестацијата се состои од два настани: студентска дебата и ораторски натпревар  кои годинава се одвиваа на една повеќе од актуелна тема: Активни млади – жива демократија?. И двете случувања во рамки на манифестацијата се оценети како неопходни бидејќи во младите луѓе, пред се студентите, се наоѓа искрата на ентузијазмот и артикулираната потребата за дејствување и  промени. Студентите учесници на настаните меѓу кои и претставници од УКЛО дебатираа за актуелниот миг, потребата за создавање амбиент на припадност за младите луѓе кои  ќе бидат активни сега и овде, потребата за еднакви можности, поддршка од повозрасните, но и за тоа каква акција е потребна, што е нужно и најважно?

4

За најдобри говорници на кои им се доделени и вредносни ваучери од организаторот на манифестацијата се прогласени: Ана Михаиловска, прво место; УГД, Блеранд Рустеми, втото место, Универзитет Југосточна Европа и трето место, Марија Коцева од УГД.

Покрај Европското движење како ностител на манифестацијата Собир на студентите од универзитетите во Република  Северна Македонија, активен чинител во севкупната организација на настанот традиционално е и  Фондацијата Конрад Аденауер. 

5

За севкупните активности за подготовка и поддршшка како  и улогата на домаќини на годинашниот Собир на студентите од универзитетите во Република  Северна Македонија,  УКЛО доби пофалби  од сите учесници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование