Неважно дали се од улица или од богато семејство, сите деца се исти - најубавите и најневините нешта на светот. Да ги сакаме и да се грижиме за нив, вели македонскиот фотограф Горан Анастасовски, претставувајќи ја својата најнова колекција фотографии од деца, деновиве објавена на Боред панда, еден од водечките светски портали за поп-култура и уметност. Фотографиите на Атанасовски последните години беа дел и од британскиот „Дејли мејл“, американскиот Еј-би-си, Инсајдер, Нешнл џиографик... До нив објективот на Анастасовски ги „носеше“ нашите природни убавини, градските светла и сенки, а најчесто животните од скопската Зоолошка градина.
Прочитајте повеќе и погледнете дел од фотографиите на
Деца.мк.