X
 11.07.2019 Забава

Најзабавниот аеродром во светот има тобоган кој ве носи до гејтот

Ретко можеме да кажеме дека некој аеродром е забавен, но за аеродромот „Чанги“ во Сингапур тоа е најдобриот опис.

За него често се вели дека е најдобриот аеродром на светот и неколку пати е прогласуван за најдобар, а во него има и парк.

Покрај тоа, има и тобоган кој ви овозможува забавно пристигнување до гејтот.

Патникот Јусуф Ел Аскари снимил видео за да покаже како изгледа тоа. На снимката се гледа дека тој ја приближува пропусницата до апаратот за да се отвори вратата која го дели од тобоганот и како се спушта.



На терминалот 3 има уште поголем тобоган, за кој тврдат дека е најголемиот тобоган што може да се види на аеродромите во светот. Тој е висок 12 метри и минува низ 4 ката, односно од првото до третото ниво под земја.

За патниците да имаат пристап до кој било тобоган, мора да потрошат десет долари во која било продавница или ресторан на аеродромот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава