X
 11.07.2020 Здравје

Нови 199 случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените, според градови, се од:

-Скопје 90
-Куманово 17
-Дебар 6
-Штип 9
-Прилеп 3
-Тетово 12
-Струга 12
-Битола 2
-Охрид 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 5
-Струмица 2
-Радовиш 1
-Крушево 1
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 24
-Кичево 3
-Ресен 2

Починале 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 120 оздравени лица и тоа од:

-Скопје 94
-Дебар 1
-Штип 4
-Прилеп 1
-Тетово 9
-Струга 1
-Охрид 6
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Македонски Брод 1

Досега во Македонија се направени вкупно 76.107 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје