X
 11.07.2023 Живот

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се младоженец и невеста на 60. издание на „Галичката свадба“

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска годинава се младоженец и невеста на „Галичката свадба“ што ќе се одржи на 14, 15 и 16 јули во Галичник, на планината Бистра. Токму оваа година „Галичката свадба“ одбележува 60 години од нејзиното одржување.

-Јас имам потекло од Галичник, а невестата има потекло од Охрид. Меѓутоа, се знаеме пет години. Постојано ѝ зборувам за Галичник и така се случи оваа година да одлучиме да аплицираме на повикот од месната заедница и со голема желба, љубов и почит кон нашите предци да учествуваме на свадбата заедно со нашите семејства, да се венчаме токму во Галичник и со сите обичаи што следуваат во програмата на „Галичка свадба“ - рече на денешната прес-конференција младоженецот Андреевски.



Невестата Булоска посочи дека ѝ е многу драго што нивната љубов ќе ја овековечат токму во Галичник.

- Во Галичник започна нашата љубов со Оливер. Многу ми е драго што и таму ќе ја овековечиме. И двајцата сме многу среќни, тука сме еден за друг да се поддржиме - додаде Булоска.





Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот