X
 11.09.2024 Забава

Работа од соништата за сопствениците на кучиња: Кој ќе ја добие, ќе има платен одмор со миленикот

Компанија започна потрага по кандидат кој ќе ја работи работата од соништата.

„Вуфз“, апликација за обука на кутриња и кучиња, бара „главен хотелски инспектор“ кој ќе патува со своето куче, ќе престојува во различни хотели и ќе ги оценува врз основа на нивниот однос кон домашните миленици.

Исто така, од инспекторот ќе се бара да тестира безбедносни мерки, да собира повратни информации од други сопственици на домашни миленици, да фотографира и да прави видеа за време на секое патување, како и да ги процени објектите врз основа на упатствата на „Вуфз“.

Покриени трошоци за сместување

- На инспекторот ќе му биде платен одморот и ќе помине квалитетно време со својот најдобар пријател. Сите трошоци ќе бидат покриени. Исто така, ќе им направи услуга и на другите сопственици на кучиња - изјави извршната директорка на „Вуфз“, Наталија Шахметова.

Компанијата соопшти дека приближно 75 отсто од хотелите во економичните, средните и луксузните категории тврдат дека се погодни за миленичиња, но многу од нив не успеваат да обезбедат соодветно искуство за миленичињата.

- Многу луѓе ги ставаат на чекање своите планови за патување или затоа што имале лошо искуство во минатото или затоа што не сакаат да им нанесат непотребен стрес на своите миленици. Се надеваме дека истражувањето што ќе го направи нашиот главен хотелски инспектор ќе помогне да се покаже дека има соодветно сместување - рече Шахметова.

Кој може да аплицира за работа?

„Вуфз“ ги поканува кандидатите да аплицираат за позицијата.

- Договорот е на шест месеци и сите патни трошоци се платени. „Вуфз“ нуди „конкурентна плата“. Според огласот за работа, платата ќе се движи помеѓу 1.000 и 10.000 долари месечно.

Компанијата веќе прифаќа апликации и вели дека ќе го стесни изборот на кандидатите до 1 ноември. Кој и да ја добие работата, може да очекува да биде контактиран и да му биде дадена понуда на 1 декември. Повеќе информации можете да прочитате ТУКА.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава