X
 11.10.2019 Живот

Овие снимки од дното на Норвешкото Море потсетуваат на сцени од хорор-филмови

Научниците што ја следат состојбата во океаните деновиве наидоа на несекојдневна глетка под површината на норвешкиот фјорд Ерстафјорд. Нуркачите снимиле огромнa мембрана која содржи многу јајца на лигни.

Колку е голема оваа мембрана може да се види кога нуркачите поминуваат покрај неа и се чини дека без проблем би можела да ги проголта.

Овој феномен е прилично редок, велат морските биолози, со оглед на тоа дека ваквите мембрани или „вреќи“ со јајца на лигни ретко може да се видат во помалите длабочини, а обично траат само неколку дена пред да се разградат во океанот и да ја ослободат содржината.

Штом еднаш ќе се создадат мембраните, тие полека тонат кон дното, а малите лигни обично не се изведуваат пред масата да премине 150 метри длабочина.

Инаку, последниот пат кога беше снимена ваква глетка беше во 2015 година покрај бреговите на Турција. Таа мембрана беше широка дури 4 метри и содржеше милиони јајца на лигни.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот