X
 11.11.2023 Здравје

Тест на крв може да открие знаци на Кронова болест дури 8 години пред дијагнозата

Кроновата болест е исцрпувачка воспалителна болест на цревата за која нема лек, иако симптомите може да се третираат до одреден степен. Сега една нова студија покажува дека Кроновата болест може да се забележи многу порано - потенцијално создавајќи повеќе опции за третман.

Истражувачи од Институтот „Францис Крик“ во Обединетото Кралство и Универзитетот во Алборг, Данска, анализирале резултати од тестирања на околу 20.000 пациенти снимени пред да биде направена дијагноза за болеста. Тие забележале мали промени во крвта.

Истражувачите успеале да забележат мали разлики кои вообичаено не би се земале предвид, а биле предзнаци за Кроновата болест. Промените во крвта започнале околу осум години пред дијагнозата на Кроновата болест, а три години пред дијагнозата на улцеративен колитис.

Истражувачите велат дека овие биомаркери имаат само „скромна“ способност да го предвидат развојот на воспалителни болести на цревата, како што е Кроновата болест, но тоа покажува колку рано овие болести можат да почнат да прават промени во телото - и претставува значаен чекор кон тестовите за поранешни и попрецизни дијагнози.

- Толку многу промени суптилно се случуваат во телото пред да завладее болеста. Ова има огромни импликации за превенцијата бидејќи нагласува дека постои прозорец на можности за лекување - вели истражувачот Џејмс Ли.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје