Џексон Освалт влегол во Гинисовата книга на рекорди како најмлада личност што изградила нуклеарен фузиски реактор. Џексон успеал да спои два атома на девтериум во мал реактор кој го изградил самиот кога имал 12 години, во 2018 година.
- Изработката на фузорот е многу опасен процес најмногу поради големиот напон на струја, па мора добро да се заштитам, затоа имам ракавици кои ме штитат од големиот напон на струја - објаснил малиот научник. Како мал, Џексон сакал да гради работи.
- Сакав да работам во работилницата на дедо ми. Изработував мали фигури и слично, па со мојата креативност сето тоа се прошири на мојата изградба на реактор. Започнав да се интересирам за нуклеарна фузија пред 3 години и мојата фасцинација почна кога прочитав еден напис за тогаш најмладиот физичар кој изградил реактор. Тој имаше 14 години - открива Џексон.
Тој додава дека проектот бил многу комплексен и најтешко му било да разбере како да направи вакуум во комора, на што потрошил најмалку половина година.
Џексон бил внесен во Гинисовата книга на рекорди само неколку часа пред да наполни 13 години. Во иднина, тој сака да отвори фондација која би можела да ги финансира талентираните деца и нивните идеи.
Извор:
Dnevnik
Фото: YouTube (Printscreen)