X
 12.01.2021 Наука

Земјата се врти толку брзо што можеби ќе треба да „прескокнеме“ една секунда

Научниците забележале нешто интересно - Земјата се врти сè побрзо.

Земјата прави една ротација околу својата замислена оска за 24 часа или околу 86.400 секунди. Овој период бил постојан, со исклучок на одредени варијации предизвикани од движењето на стопеното јадро на Земјата или климата. Но забрзувањето забележано од научниците може да биде причина за „прескокнување“ една секунда.

Првпат можеби ќе треба да прескокнеме една секунда во годината бидејќи Земјата се врти побрзо. Најкраткиот ден што бил забележан со атомски часовник бил 19 јули 2020 - траел 1,4602 милисекунди помалку од просечниот ден. Претходниот рекорд бил измерен на 5 јули 2005.

Научниците предвидуваат дека 2021 година би можела да биде најкратката во последните децении, иако за малку.


Фото: Pixabay

Доколку светот навистина прескокне една секунда, тоа би било првпат во историјата. Досега, од 1972 наваму, биле додадени вкупно 27 секунди.

Причината за забрзувањето на вртењето на Земјата не е позната, но научниците во минатото посочувале на врската со глобалното затоплување бидејќи глечерите што се топат би можеле да ја нарушат распределбата на масата на планетата или да влијаат врз геолошките процеси под површината. Без разлика на причината, едноставното прескокнување една секунда би можело да има последици врз модерните технологии.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука