Аргентинското правосудство одлучило дека еден сопруг треба да ѝ исплати 40.000 евра на својата поранешна сопруга како обесштетување за домаќинските работи, што таа ги извршувала 27 години.
Станува збор за 70-годишна жена која дипломирала економија, но не работела, бидејќи се посветила на воспитување на децата и домаќинството во текот на нивниот заеднички живот.
- Економската зависност на една жена од сопругот е еден од механизмите со кои жените се држат во угнетувачка положба во општеството - рече судивката Викторија Фама. Станува збор за разумна сума, што треба да создаде економска рамнотежа меѓу поранешните сопружници, смета таа.
- По 27 години брак, сопругот ја напуштил својата жена кога имала 60 години, па таа остана без средства за егзистенција бидејќи цел живот била исклучена од пазарот на трудот - се наведува во пресудата. Од 2009 година парот повеќе не живее заедно, а се развел во 2011 година.
Финансиското обесштетување е воведено во Граѓанското право во 2015 година и може да се исплати еднократно, како месечен приход или во добра или други приходи.