X
 12.07.2019 Здравје

Лошиот шеф е штетен за здравјето

Околу 400.000 американски работници од сите профили биле опфатени во истражувањето со наслов „Довербата на работното место и ризикот од кардиоваскуларни заболувања“. Резултатите потврдуваат дека ако имате неподнослив шеф, имате и поголеми шанси за срцев удар.

Можеби поедноставено е толкувањето на трудот објавен во Меѓународниот дневник за истражување на животната средина и здравјето, од Швајцарија, кое посочува дека лошата работа е поврзана со срцевите заболувања.

Најчести причинители за проблемите со срцето се цигарите, нездравата исхрана, алкохолот, но и стресот и психичкото малтретирање.

Па така, луѓето што не му веруваат на својот шеф имаат поголема веројатност да посегнат по цигарите и се поизложени на опасност од висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта. Под недостиг на доверба во деловниот однос се подразбира состојба во која не може да има заемно разбирање, искреност и почит меѓу претпоставениот и подредениот, се вели во написот.

Значи, ако имате шеф кој не ве почитува, се изложувате на ризик од кардиоваскуларни болести, кои се најчеста причина за смрт во светот.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје