X
 17.02.2017 Здравје

Доказите за штетноста на пасивното пушење се лажни?!


Илустрација: Цигари и чад

Пушењето е масовен убиец. И тоа никој не го оспорува. Сепак, онлајн магазинот Slate ги разоткрива вистините за манипулациите околу штетноста на пасивното пушење по кардиолошкото здравје на непушачите.

Сите овие статистики досега се употребувале како важен доказ во корист на  забраната за пушење на јавни места. Како очигледен пример на злоупотреба на научните и статистичките податоци, Slate го наведува случајот Елена, главниот град на сојузната држава Монтана во САД. Тие години, градските власти го забраниле пушењето на работните места, во баровите, рестораните и коцкарниците. И после шест месеци статистиките покажале дека бројот на срцеви удари во тој регион, се намалил за цели 60 %. За неверување.

Групите за борба против пушењето го користеле овој случај како аргумент во кампањата и наведувале дека и минимална изложеност на тутунски чад во времетраење од 30 секунди, ги изедначува функциите на коронарната артерија кај непушачите со оние кај пушачите.

Пред јавноста биле објавени и случаите со Пуебло во Колорадо, Баулинг Грин во Охајо и во округот Монро во Индијана, каде бил регистриран неверојатен пад во бројот на срцеви удари по забраната за пушење на јавни места.

Овој еуфоричен тренд на докажување бил за момент попречен од резултатите што пристигнале од студија која се спроведувала во регионот Пиемонт во Италија, која покажала дека резултатите од забраната за пушење, констатирал  намалување на бројот на срцеви удари за само 11%. Резултатите од Англија покажувале пад на бројот на инфаркти од само 2%. Во 2008 година, пак, истото истражување не покажало никаква битна статистичка разлика во бројот на срцеви удари по забраната за пушење на јавни места.

И веднаш потоа станало јасно за што се работи. За статистичка „слабост“ на податоците.

Од Slate потенцираат дека ризикот од малигни заболувања кај пушачите е 12-пати поголем во споредба со оние кои не пушат, како и ризикот да мозочни и срцеви удари. Но тие сметаат дека потребата за сузбивање на пасивното пушење, преку кампањата за забрана за пушење на јавни места, значи и префрлување на вината за здравјето на непушачите врз пушачите.

Тие тоа го сметаат за дискриминација и свесно туркање на популацијата која пуши кон рабовите на општеството. А тоа, според нив, е нездрава и нечесна мотивација за сузбивање на една нездрава навика, каква што е пушењето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје