X
 12.07.2023 Живот

Вечерва почнува Охридско лето - фестивалот ќе го отвори сопранот Ангела Георгиу

Од вечерва до 20 август Охрид ќе живее со уметноста преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата - Фестивалот „Охридско лето“. Од вечерва ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената Долни Сарај, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот.

Вљубениците во уметноста ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот - Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Северна Македонија.

Првата фестивалска вечер годинава е резервирана за познатата сопранка Ангела Георгиу, уметницата која ги полни најголемите сали низ светот, познатите Карнеги хол, Метрополитен, Лондон, Дубаи... Таа ќе настапи со симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентска управа на Чипријан Теодорашку, со кого најчесто настапува. Нејзиниот ангелски глас, како што е најавено од организаторот, ќе ја одведе публиката на патување низ светот на класичната музика, преку ариите од најпознатите опери...

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот